ВМРО-ДПМНЕ повторно го актуелизира случајот „хациендата на Петровска“: Си пукате во нога одговори екс министерката

Од:

ДКСК да отвори случај за хациендата на Славјанка Петровска во Радишани, како е направена, со кои пари и без документи побара денеска на прес конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Тони Јаревски.

– Славјанка Петровска да не мисли дека е заборавено дека изградила огромна хациенда во Радишани на диво, без документи.Петровска ја криеше хациендата, но сметките за струја и вода кои беа објавени, а се на името на татко и говорат дека истата и те како има поврзаност со спорниот имот. ДКСК да не чека Петровска да се изјасни туку да отвори случај за хациендата на Славјанка. Доволно е Антикорупциска да погледне на чие име се сметките на луксузната хациенда, тоа е појдовна основа од каде може да почне да истражува.

Екпресно реагираше пратеничката на СДСМ и поранешна министерка за одбрана Петровска.

– Еве веќе 20 дена како и официјално сте власт, па нема потреба од повторувања на прес конференции, ниту да ја повикувате ДКСК. Само за потсетување дека овие обвинувања се одамна, Драган Ковачки лажеше и ме клеветеше. И како што ветив во судска постапка докажав дека е лажго. Ама од срам ја крие пресудата и ве турка во поголема брука.

Ај сега еден бесплатлен совет од мене, бидејќи сте власт и МВР повторно е МВРО поведете истрага за наводната хациенда, па пак да “си пукате во нога”.

Би можело да ве интересира

Петровска: Моето учество во Разговорите за Македонија не е против СДСМ

(ВИДЕО) Директорот на инспекторатот за земјоделие уапсен во гаражата на Трипуновски, Петровска го прозва Тошковски

Петровска: СДСМ не се само четири букви, многу повеќе од статистика и празни фрази

А1он

Петровска: Секое непостапување во случајот Росица мора да биде казнето!

(ВИДЕО) Петровска: Зошто бил сменет шефот на внатрешната контрола, дали полиграфистот си дал отказ?

(ВИДЕО) Петровска: Потребен е надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност, ние немаме што да криеме