ВМРО-ДПМНЕ: Повеќе од три години се СДСМ и Заев на власт, а од ветените проекти немаат ништо исполнето

Од:

„Поминаа повеќе од три години откако СДСМ и Заев се на власт, а од ветените проекти немаат ништо исполнето.

Ветуваа целосна грижа за децата, отварање на нови градинки, но граѓаните не добија ништо од тоа.

Пред да дојдат на власта во нивниот таканаречен „План за живот“ ветија градинки во Струмица, Ѓорче Петров, Крива Паланка, Боговиње и Ресен, но градинки во овие места сеуште нема.

Од опозиција СДСМ ветуваа и специјални едукатори во градинки, но и тоа остана нивно празно ветување“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Додека ВМРО-ДПМНЕ беше на власт водеше целосна грижа за децата и детската заштита, при што до 2014 имаше изградено 44 детски градинки, а само во периодот од 2014-2016 изгради 21 градинки.

Значаен е и фактот што ВМРО-ДПМНЕ го прошири опфатот на деца од предучилишно образование 27%, а додека СДСМ за нивните 3 години власт го имаат зголемено само за 2-3%.

Доаѓа крајот на погубни политики на СДСМ, и сето ова ќе заврши по 12 Април.

По 12 Април ќе дојде обновата на Македонија, предводена од ВМРО-ДПМНЕ која ќе се залага за доброто на сите граѓаните во државата“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ за прославата 35 години независност: Нема „нула“ денари, парите од Државна лотарија се народни

A1on

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

(ВИДЕО) Жерновски: Патриотизмот веќе не му поминува на Мицкоски

СДСМ: Мицкоски нема ништо државничко, „Талог“ е кампања по моделот на Ванчо Михајлов

Горан Наумовски

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Филипче: Нашата генерациска задача е да изградиме европска држава во која младите ќе сакаат да останат