ВМРО-ДПМНЕ: Потрошија 8 месеци и милиони евра и пак нема никаква стратегија ниту функционален почеток на учебната година

Од:

„Мафијата на власт не ја интересира ништо друго освен личното богатење. Предизвикаа целосен колапс на образовниот систем во Македонија. Иако го одложија стартот на учебната година за еден месец, наместо да го искористат тој период да ги надминат предизвиците, тие создадоа уште поголеми проблеми.

Скапо платената национална платформа која Заев и Царовска помпезно ја најавуваа доживеа целосно фијаско. На дело се виде целата неспособност и неодговорност на власта“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Не само што не функционира системот, туку и он лај наставата нема да можат да ја следат над 80 илјади ученици, затоа што владата наместо да им обезбеди компјутери во овие 8 месеци парите ги трошеше на кондоми, лубриканти, шкампи и шампањ. И наместо итно да ја решат оваа ситуација мафијата на власт со подбив најавува компјутери за деца дури после април, речиси пред крајот на учебната година.

Ова е потценување на стотина илјади ученици и нивните родители и десетици илјади просветни работници кои не гледаат никаква извесност со оваа власт. Оваа мафија на власт нема ниту план, ниту стратегија, ниту волја да се решаваат проблемите. Затоа оставка од страна на министерката Мила Царовска е она кое што во најмала рака може да се очекува“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски