ВМРО-ДПМНЕ: Потребна е метла која ќе го измете Заев

Од:

„Само Зоран Заев и Радмила Шекеринска блескаат. Само тие не се виновни за корупцијата, криминалот, расипништвото и назадувањето на Македонија.

Сите останати ги испокрадоа парите преку фондот за иновации, тендерите во здравство, си делат сами на себе кирии, си поделија ниви со марихуана и го соголуваа буџетот.

Сите останати бараа „едно за вице”, само Заев и Шекеринска останаа да блескаат.

Факт е дека Спасовски, Кирацовски, Ременски, Зекири, Манчевски и Шилегов беа катастрофа за СДСМ но уште поважно е дека тие се трагедија за Република Македонија.

Затоа и Спасовски и останатите неспособни кадри на Зоран Заев мора да си поднесат оставки и од државните функции, а не како неспособни партиски кадри да продолжат да земаат пари од буџетот и да ја упропастуваат Република Македонија.

Дали да се води едно министерство како МВР е поедноставно и неважно отколку да се биде потпретседател на СДСМ. Доколку Заев не ги разреши Спасовски, Манчевски и Шилегов од функциите ќе биде повеќе од јасно дека така наречената метла е една голема фарса.

Граѓаните не се должни да ја поднесуваат неспособноста на Спасовски кој нема ниту една акција за сузбивање на криминал, министер во чие време убиствата на улиците станаа секојдневие.

Администрацијата не е должна да го трпи Манчевски и да премолчува на заканите и мобингот од негова страна дека ќе има кратење.

Граѓаните на Скопје не се помалку важни од членовите на СДСМ па Шилегов да им биде градоначалник, кој година ипол потроши, а нема направено ниту еден проект.

Метлата е само фарса, се додека не си заминат неспособните функционери и од државните функции на цело со Заев и Шекеринска, заклучокот ќе биде еден, а тоа е дека Заев се обидува преку театар за наводна метла да ги отргне граѓаните од реалноста и проблемите со кои секојдневно се соочуваат.

Потребна е метла која ќе го измете Заев, таа метла ја имаат граѓаните, а Заев ќе ја осети на избори“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела