ВМРО-ДПМНЕ: Посиромашен народ, побогати фирмите на Заеви

Од:

„Во време на економска и здравствена криза, Владата на Заев овозможува поголем приход за приватни компании на грбот на граѓаните.

Зоран Заев и СДСМ единствено се грижат за своите бизниси. Доказ затоа е континуираната троцифрена бројка на новозаразени од вирусот КОВИД – 19. Република Македонија поради негрижата на Владата на СДСМ е рекордер во новозаболени и смртни случаи од корона вирусот.

За граѓаните веднаш по изборите следуваше нов шок, зголемување на цената на електричната енергија за 7,4 %“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

„Цената на електричната енергија ако останеше иста, енергетските компании во 2020 година ќе оствареа приход од: 16.106.756.099 денари.

Со зголемувањето од 7,4% овој приход за истата енергија ќе биде 17.303.879.863 денари.

Разликата поради зголемување на цената изнесува:

1.197.123.764 денари што претставува скоро 20 милиони евра.

Неспособноста на власта се гледа и по пропаѓањето на Еуростандард Банка. Според извештаите по пропаѓањето на оваа банка само околу 10 проценти од лицата успеале да отворат сметки во други банки, што значи дека околу 90.000 граѓани ќе останат без своите пари наредниот месец.

Оваа влада е со краток рок на траење. Од нејзе можеме да очекуваме само неуспеси и разочарувања“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски