ВМРО-ДПМНЕ: Попусти се сите обиди за дефокус, Петровска бега од вистината – доставуваме докази

Од:

Славјанка Петровска видно вознемирена од фактите изнесени на денешната прес конференција заборави да каже дали таа според место на живеење е евидентирана на ул. Радишанска и дали тоа е истата улица и објект на кој се наоѓа луксузната Хациенда со базен велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Дали Славјанка Петровска гласа на избирачкото место 2948/1 во Радишани? Доколку истото се потврди како може истата да користи адреса на живеење на која не живее? Попусти се сите обиди за дефокус. Во интерес на јавноста и со цел вистината од која Петровска бега да ја докажеме, во прилог ви испраќаме евидентен лист од Агенцијата за Катастар на недвижности, од кој се гледа дека објектот на ул. Радишанска, луксузната хациенда е евидентирана на име на Петровска. Факт е дека Петровска доколку ја продала хациендата тоа ќе било прибележано во Катастарот. Што не е случај со нејзиниот имот заведен во Катастарот. Очекуваме Петровска да каже кога ќе ја донира хациендата на здруженијата на бранители од 2001 година се вели во соопштението од опозициската партија кое е рекација на прес конференцијата на Министерката Петровкса која побара извинување од Драган ковачки, во спротивно рече ќе тужи.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Петровска: Моето учество во Разговорите за Македонија не е против СДСМ

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање