ВМРО-ДПМНЕ: Политиката на Заев за свиткана кичма доведе до целосна негација на државата, нацијата и народот

Од:

„Шокирани сме од однесувањето на источниот сосед, чиј негаторски однос е потценувачки за нас како држава, нација и народ и секако не е пример за европска вредност.

Но треба да бидеме свесни дека таквото однесување е последица на гмечењето и толчењето на неспособниот мафијаш Зоран Заев кон сопствената држава и народ, кој за власт, пари и тендери е подготвен за трговија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ не се согласува и осудува секаква негаторска политика кон Македонија и македонскиот народ.

„ВМРО-ДПМНЕ смета дека политиката на свиткана кичма на Зоран Заев, без суштинска работа и резултати ги зголемува апетитите на оние имаат поинакви интереси од државните и националните на нашата држава.

Зоран Заев треба да понесе одговорност сто повторно ги доведува европските интеграции на земјава во ќорсокак овој пат во услови на тешка социјална, здравствена и економска криза.

Заев не е иднината на оваа земја туку тегот и изворот на сите проблеми“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски