ВМРО-ДПМНЕ: Политичар кој го нарече својот народ искомплексиран, нема право да биде министер за надворешни

Од:

„Политичар кој се срами од сопствениот народ не смее да има никаква функција.

Политичар кој го нарече својот народ искомплексиран, нема никакво право да биде министер за надворешни работи. Никола Димитров треба да си поднесе итна и неотповиклива оставка.

Никола Димитров нема легитимитет да ја претставува државата во странство. Никола Димитров работи на штета на државниот и националните интереси.

Доколку СДСМ смета дека Никола Димитров ужива поддршка кај граѓаните, нека распише веднаш предвремени парламентарни избори и нека излезе со ветување дека истиот ќе биде министер за надворешни работи и тогаш ќе го добие одговорот од граѓаните дали тие се согласуваат со дораспродавање на она што останало.

Нека излезе СДСМ предвремени парламентарни избори со Никола Димитров и нека бара поддршка за промената на името која ја направија.

Граѓаните не ги поддржуваат недржавните политики на Димитров и СДСМ, а тоа СДСМ ќе го види на предвремените парламентарни избори, доколку има храброст да ги распише“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Костадин Костадинов од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски