ВМРО-ДПМНЕ: Полицијата и јавниот обвинител мора да преземат мерки против Максим Димитриевски

Од:

„Местото на криминалците и насилниците е во затвор, а не во политиката.

Полицијата и јавниот обвинител мора веднаш да превземаат мерки против насилникот Максим Димитриевски, бидејќи постои сериозна загриженост дека истиот може да го повтори делото. Насилникот може да продолжи да напаѓа и физички да се пресметува со сите кои не размислуваат како него. Неколку дена претходно и претседателот на општинската организација на СДС во Куманово нападна и повреди граѓанин кој учествуваше на мирен и достоинствен протест „За заедничка Македонија”, и чиј единствен грев беше тоа што си ја сака татковината и не дозволува криминалците да ја раскрчмуваат и да реализираат Тирански Платформи.

Пратеникот Максим Димитриевски мора да одговара поради тоа што му скрши два заби на момче кое нарачало патриотска песна. Не казнувањето на Димитриевски ќе ги стимулира и другите насилници дека се над законот. Аболицијата на нивниот лидер Зоран Заев најдобро го потврдува тоа.

Криминалците од СДС се уценети. Ако не ја реализираат Тиранската Платформа ќе заглават по затвори. Народот не им го дозволува тоа. Од тие причини, од ден на ден стануваат се понервозни.

Лицемерие и безобразлук !!

Пратеникот на СДС, Максим Димитриевски нападна момче само затоа што пеело македонска народна песна. Наместо да се извини пред целата јавност, и покрај кривичната, да понесе морална одговорност како сериозен политичар, како маж, тој дрско и безобразно се обидува преку соросовите медиуми да ја манипулира јавноста тврдејќи дека момчето само се повредило, и си ги скршило забите, а шестмина полицајци што го нападнале со пиштоли не успеале ниту да го изгребат.

Народот не е наивен за да поверува на овие лаги.

Насилството е единствениот аргумент на СДС го користи во одбрана на намерата да ја спроведе Тиранската Платформа. Народот веќе 40 дена да ја брани државата токму од ваквите насилници.

Народот подготвува тупаница на следните избори со која дефинитивно ќе бидат нокаутирани овие криминално-предавнички структури“, изјави Драган Петковски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Димитриевски го осуди вандализирањето на просториите на КУД „Српски вез“ во Куманово

Димитриевски од Струмица: Помина времето кога политичарите испраќаа пораки од скапи јахти

Предраг Петровиќ