ВМРО-ДПМНЕ поднесе интерпелација за министерот Оливер Спасовски

Од:

Бараме Оливер Спасовски да го напушти министерството за внатрешни работи бидејќи работата ја извршува несовесно, неодговорно и нетранспарентно, рече координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Тој рече дека Спасовски наместо да го сузбива, го прикривал криминалот.

– Откако тој е на оваа фунција секој ден има грабежи, убиства, насилства. МВР само прави анализи, не делува, не ги расветлува случаите. Поради тоа граѓаните ја изгубија довербата во полицијата, рече Мицевски.

Тој додаде дека Македонија е на дното на листата за борба против корупција.

– Според листата на Транспареси Интернејшанл паднати сме 17 места подолу. Затоа Спасовски мора да поднесе одговорност, рече Мицевски.

На новинарско прашање за бегството на Никола Груевски, Мицевски рече дека изготвуваат анализи и кога ќе имаат релевантни информации ќе излезат во јавноста.

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лага е дека се суспендирани средствата од ИПАРД програмата

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС можете да најдете буквално сѐ што не може на друго место

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Лотарија функционирала како приватна фирма на Груби, СДС молчеле за криминалот

ВМРО-ДПМНЕ: Реформи и консолидација во СДС може да има само со превземање одговорност и оставка на Филипче