ВМРО-ДПМНЕ поднесе Интерпелација за министерката Царовска

Од:

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ денеска до Собранието на Република Македонија поднесоа Интерпелација за работата на министерката за труд и социјална политика Мила Царовска поради Стратегијата за мигранти, бегалци и странци 2017-2027 и Акциониот план со кој во 2017 година се предвидени 71 проект за мигранти, странци и бегалци.

Како што изјави Владимир Ѓорчев, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, министерката Царовска не ги консултирала граѓаните, ниту општините, за ваков, вели, стратешки документ за иднината на Македонија, којшто предвидува проекти со трошоци во милијарди евра во наредните 10 години во делот на сместување, градење згради и населби за мигрантите низ повеќе општини во земјата, како и во делот на вработување и на социјалните програми.

– Ресурсите и буџетот на Република Македонија првенствено и примарно треба да бидат искористени за потребите на граѓаните на Република Македонија. Ние повеќе пати побаравме од Владата и Министерството за труд и социјална политика да ја повлечат оваа стратегија, да го повлечат овој акционен план, но тоа не го прават. Досега изминатава недела имавме три продолженија на Комисијата за труд и социјална политика во ова Собрание, имавме три продолженија на јавната расправа. Министерката Мила Царовска и премиерот Зоран Заев ниту еднаш не дојдоа да ја образложат оваа стратегија и овој акционен план со 71 проект во 2017 година, а јавно повеќе пати соопштија дека ја поддржуваат, рече Ѓорчев.

Тој повтори дека поднесената интерпелација за работата на министерката Царовска е со цел таа да дојде во Собранието да ги образложи нејзините проекти и оваа стратегија за да дебатираат за ова прашање.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ