ВМРО-ДПМНЕ: Подаваме рака за санирање на последиците од пандемијата и економската криза

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ подава рака за санирање на последиците од пандемијата и економската криза. Повеќе од јасно е дека СДСМ и Заев не знаат и не можат да се снајдат во целата ситуација во која се наоѓа државата поради корона вирусот.

Дупката во буџетот постојано се поместува. Една милијарда и 200 милиони евра за кои Заев зборуваше до пред некој ден, за неколку дена станаа преку 2 милијарди евра“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Повеќе од јасно е дека оваа влада нема ниту стратегија, ниту план, а за тоа ВМРО-ДПМНЕ веќе три години предупредуваше.

Решението не е во удирањето по џеб на работниците кои и сега едвај преживуваат.

ВМРО-ДПМНЕ нуди помош на владата, а исто така и на државата кое се состои од неколку чекори.

Првиот чекор е благајничките записи од околу 25 милијарди и 200 милиони денари, веднаш да бидат откажани за месеците кои што следат и наместо тие благајнички записи да бидат запишани државни хартии од вредност кои што ќе ги издаде министерството за финансии и ќе имаат рок од еден месец и така секој месец тие ќе се обновуваат и продолжуваат.

Вториот чекор е средствата кои што беа уплаќани во вториот задолжителен приватен пензиски фонд со уредба на владата да бидат пренаменети и наместо во вториот задолжителен приватен пензиски фонд од први април да бидат уплаќани во државниот задолжителен пензиски фонд. На тој начин ќе се обезбедат 10 милијарди денари кои што ќе гарантираат стабилна, сигурна и навремена исплата на пензиите на пензионерите.

ВМРО-ДПМНЕ подава рака да се санираат сите последици од пандемијата и од економската криза во која се наоѓа државата. Целта на ВМРО-ДПМНЕ е во овие услови да се крене стопанството и да може да се одржи економијата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски