ВМРО-ДПМНЕ: По теркот на Петрески Охрид станува затворен град

Од:

Вообичаено СДСМ лиферува реакции за се и сешто, но вчера тие молчеа за самоволието и хаосот предизвикан од концесионерот на паркинзите во Охрид, избран од Општината Охрид и градоначалникот Петрески.

Ова значи дека и самата СДСМ е свесна за недомаќинското работење на нивниот градоначалник. Но тие свесно го толерираат неговото хаотично работење и го поддржуваат со самото тоа што го одреденија за нивен кандидат за градоначалник.

Социјалдемократскиот сојуз повеќе не се ни труди да го одбрани градоначалникот на Општина Охрид Александар Петрески.

Прескапата и паушална цена која ја наплаќа концесионерот на паркинзите во Охрид, го направи градот еден од најскапите  туристички центри.   Цехот од сето тоа го плаќаат граѓаните.  И тоа не само Охриѓани, туку сите граѓани на државата, вклучувајќи ги  туристите, кои со право се чувствуваат измамени.

Згора на се, Петрески наместо да го санкционира богатењето од паркинзите на грбот од граѓаните, тој по завршувањето на туристичката сезона излезе и јавно се жалеше за неуспесите и промашувањата од своето работење.

Наместо Петрески да констатира дека цената на паркинзите е висока, а СДСМ молчи и се крие, нека преземат конкретни чекори. Граѓаните на Република Македонија не се должни да ги плаќаат од свој џеб грешките на Петрески. Охрид наместо привлечна дестинација, не смее да се претвори во затворен град, по теркот и бизнис интересите на Петрески.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче сфаќа што збори тогаш веројатно е свесен дека става нова јамка на вратот на македонскиот народ

(ВИДЕО) Жарко Грозданоски од Тетово го уби охриѓанецот Климе Митрески поради имот вреден над 1 милион евра

А1он

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците