ВМРО-ДПМНЕ: По победата на 12-ти април следува инфраструктурен бум и целосна обнова на Македонија

Од:

„По победата на 12-ти април следува инфраструктурен бум и целосна обнова на Република Македонија.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ пред граѓаните се обврзува на обнова која ќе донесе автопатско поврзување на Скопје со Битола, а тоа значи градба на нов автопат од Велес преку Прилеп до Битола. ВМРО-ДПМНЕ ќе изгради автопат по кој од Скопје до Битола ќе се патува за час и половина.

Овој проект значи нова патна артерија, нов коридор односно ново автопатско поврзување од Велес, Чашка, Прилеп па се до Битола, кој е од стратешко значење за Пелагонискиот крај и еден милион граѓани“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Следува доизградба на сето она што е започнато, односно доизградба на автопатот Кичево Охрид и автопатот Скопје Блаце, кој што е започнат и предвиден од претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ.

Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ се обврзува за обнова која ќе донесе нов асфалт за регионалните патишта во државата. Да нема неасфалтиран регионален пат, односно целосна реконструкција на повеќе од 1.000 километри регионални државни патишта. Ова значи за еден мандат ќе го замениме целиот дотраен асфалт на сите регионални патишта во земјава, односно до Берово, Дојран, Делчево, Пехчево, Пробиштип, Ресен, Дебар, Кичево, Македонски Брод и останатите градови ќе се вози низ целосно нов асфалт.

ВМРО-ДПМНЕ се обврзува за обнова која ќе донесе 2 милијарди евра за инвестиции во патишта. Овде пред се спаѓаат инвестициите и градбата на автопатиштата, експресните и регионалните патни правци.

Инвестициите во инфраструктурата ќе значат обнова која ВМРО-ДПМНЕ ја планира заедно со стопанските комори, експертите и тимот на стратешки соработници.

Инфраструктурниот бум кој што ќе го донесе идната влада на ВМРО-ДПМНЕ значи обнова на повеќе автопатишта, повеќе експресни и нови регионални патишта, повеќе во железничкиот сообраќај, повеќе евтини авио летови, повеќе во комуналната инфраструктура.

ВМРО-ДПМНЕ се бори за повеќе за секого во државата.

На 12-ти април следува победа на ВМРО-ДПМНЕ и сите граѓани на Република Македонија.

Заеднички со народот ќе се избориме за обнова на Република Македонија и целосна реализација на проектите и мерките од програмата на ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски