ВМРО-ДПМНЕ: По победата на 12 април ќе започнеме со реализирација на програмата од што најголема придобивка ќе имаат сите граѓани

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ е партија која се грижи за доброто на сите граѓани во Република Македонија. Потврда за тоа се мерките и проектите кои ќе бидат дел од предизборната кампања.

По победата на 12 април и формирање на идната влада, ВМРО-ДПМНЕ ќе започне со реализирација на програмата од која што најголема придобивка ќе имаат сите граѓани.

ВМРО-ДПМНЕ се обврзува да донесе раст на БДП за минимум 4 проценти годишно и со тоа да обезбеди стабилна економија. Нашата цел е да поттикнеме раст на економијата и да креираме квалитетен амбиент за работа, која што ќе привлече инвестиции и ќе влијае на отворање на нови работни места“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ и обновата на Македонија се обврзуваат да донесат повеќе пари за бизнисот, помалку давачки и бирократија. Ова значи намалување на парафискалните давачки за фирмите кои што се резултат на анализата и средбите со стопанските комори и стопанствениците. Освен за парафискалните давачки, имаме и детална анализа за кратење на сите административни бирократски процедури кои се пречка за бизнисот.

ВМРО-ДПМНЕ се обврзува да реализира повеќе од 90 проценти од планираните капитални државни инвестиции годишно.

ВМРО-ДПМНЕ ќе обезбеди подобрување на бизнис климата во државата, но и подобрување на економскиот рејтинг на државата што подразбира не само економски и институционални мерки туку и борба против корупцијата и криминалот.

ВМРО-ДПМНЕ се обврзува Македонија да се искачи во Топ 10 на листата на „Дуинг бизнис“, да влезе во првата третина на листата на Светскиот економски форум „Давос“, како и да влезе во првата четвртина на листата на „Форбс“.

Република Македонија мора да има силни институции во служба на граѓаните, правна сигурност и владеење на правото, како и макроекономска стабилност.

Обновата на Македонија следува по 12-ти април. ВМРО-ДПМНЕ ќе донесе повеќе за секого во државата. По 12-ти април следува вистинска грижа и подобрување на животниот стандард на граѓаните“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски