ВМРО-ДПМНЕ: По мафијашко – талибанската игранка во Штип на Заев и Филипче, следат мерки во стилот „после свадба тапани“

Од:

„На Заев и Филипче им поминаа изборите во Штип за градоначалник, нивниот другар докторот Сашко Николов кој наместо да ги лечи граѓаните поита да седне во фотелјата на локален функционер.

Помина уште една продлабочена верзија на оние мафијашки и талибански избори кои се одржуваа на 15 јули на кои гласаа и заболени од корона. Помина уште една седенка во кафана на челниците на СДСМ, иако, нели, постојат некои какви такви протоколи, но, и нели, за нив не важат“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

„Филипче и Заев во целиот изминат период покажаа дека освен бизнис интересите и политичките функции кои ги користат во функција на своите интереси, граѓаните и нивното здравје воопшто не им се на агенда, а не да им се приоритет.

И сега откако им помина игранката во Штип се измислуваат некои т.н. нови мерки за справување со корона или мерки во стилот „после свадба тапани“.

И наместо да ги навикуваат граѓаните секојдневно да слушаат дека се починати по 20, 30 или и повеќе од 40 лица, наместо да ги навикнуваат дека бројката на новозаболени секој ден е околу 30 проценти и повеќе од бројот на тестирани, по изборите во Штип и Пласница им текна нивната Комисија за заразни болести да предложи некакви мерки.

Филипче и Заев убедливо рушат црни рекорди на европските и на регионалните листи. На европската листа Македонија е на врвот или сега петта во Европа по бројот на починати лица од корона на милион жители.

Кога веќе објавуваат мерки потребно е Комисијата за заразни болести да ги каже епидемиолошките цели, заради кои што ги предлагаат мерките. Треба да се објави исто така за кое време се планира да се постигнат тие цели. Во спротивно се што прави Комисијата и Филипче е само пиар.

Наместо одговорност, бесрамноста продолжува. Време е за одговорност! Време е за оставки!“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски