ВМРО-ДПМНЕ: Петрески вработува партиски работници во Општина Охрид

Од:

„Општина Охрид во време кога е заглавена во долгови, јавните претпријатија се пред банркот, а граѓаните тонат во нерешени проблеми, се одлучи да распише оглас за нови 32 вработувања, кои ќе бидат на директен товар на граѓаните на Охрид“, вели Никола Митровиќ, портпарол на ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид.

Фактот што Општина Охрид и Петрески распишуваат оглас во пресрет на локалните избори ни дава за право да се сомневаме дека СДСМ и Петрески ја отвораат вратата за нови партиски вработувања. Целта е полнење на општините со партиски заслужните војници, за сметка на младите и способни кадри, кои немаат шанса наспроти членовите на СДСМ.

Јасно е дека ова се нови партиски вработувања во и онака пренатрупаната општинска администрација, за сметка на младите и способните.

Согледувајќи го својот слаб рејтинг, свесен дека ќе ги загуби престојните локални избори Александар Петрески повеќе не бира средства и начини како да ја раководи локалната самоуправа.

Нејасно е како има пари за нови вработувања, а нема пари за плати на веќе вработените во општинската администрација?

Зошто Александар Петрески свесно и нанесува штета на општина Охрид со отворање на нови работни места за партиски војници во време кога ЈП Проаква има милионски суми на долгови, во време кога во долгови се заглавени и јавните претпријатија како Комуналец, Билјанини извори, нискоградба итн.

Дали овие нови вработувања значат прибирање на лица кои ќе му користат на Александар Петрески за престојните локални избори сеејќи немир и закани кај населението во Охрид.

Петрески треба да одговори ДАЛИ има за цел да вработува лица на кои им должи услуги и со кои има тесни бизнис интереси и бизнис зделки?

Недомаќинското работење преставува симбол на Александар Петрески, кој граѓаните на Охрид ќе знаат да го препознаат и казнат на престојните локални избори.

Наместо да се занимава со вдомување на партиски кадри, Петрески треба да најде одговор на проблемите на охриѓани, кои веќе втор мандат не им ги решава!

Граѓаните ќе го казнат ова неодговорно работење.

За ВМРО ДПМНЕ приоритет се решавањата на проблемите, нашата заложба е создавање на стручна администрација со редовни примања, без разлика на нивната политичката припадност.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

ВМРО-ДПМНЕ: Јавноста имаше можност да ја види целата мизерија на СДС и Левица

Горан Наумовски

Лозановска: Трагата од претходната влада е загаден воздух, седум години крадење и празни ветувања

Мицевски: Изразувам огромна згрозеност од недоличното, безобразно и срамно однесување на претседателот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев

Горан Наумовски

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски