ВМРО-ДПМНЕ: Пет месеци Шилегов, пет месеци неработа

Од:

„Петре Шилегов упорно ни докажува дека и дното може да биде пробиено. Шилегов го претставува садењето на дрва како некаков мега проект, но тоа е негова редовна работна обврска.

Граѓаните имаат потреба од нови зелени површини и нови садници сега, а не утре. Садењето на дрва и хортикултурното уредување на градот мора да се одвива во континуитет. Како што тоа го правеше градот Скопје во време на ВМРО-ДПМНЕ, кога беа засадени повеќе од 250.000 нови садници, а подигнати беа над 330.000 метри квадратни парково зеленило.

Само новиот парк во Аеродром кај бул. АСНОМ е на површина од 100.000 метри квадратни, а новиот парк Македонија во Карпош долж булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов е со површина од 70.000 квадратни метри.

Шилегов пет месеци е градоначалник, а нема ниту еден конкретен проект. Пет месеци не се градат инфраструктурни проекти, нема развој, градот тапка во место.

Последиците од владеењето на СДСМ и Шилегов граѓаните веќе ги чувствуваат, а ќе ги чувствуваат. Ветуваа живот, донесоа стагнација. Секој сегмент на општеството е жртва на заробената држава.

Шилегов нема капацитет да го води и управува Скопје. Граѓаните заслужуваат подобро. Скопјани заслужуваат подобро“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Петре Шилегов.

Би можело да ве интересира

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне