А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски призна дека Македонија само губи со договорот со Грција

by А1он15/09/2018 - 09:2115/09/2018 - 16:48163
Share0

„СДСМ призна дека македонската телевизија нема да биде македонска. Стево Пендаровски призна дека се губи институционалниот идентитет.

Добивај вести на вибер

СДСМ призна дека и МАНУ, нема да си го задржи името, туку дека ќе мора да го смени. Стево Пендаровски собра храброст и го кажа она што Заев не смее да го каже.

Стево Пендаровски призна дека Македонија само губи со договорот со Грција, а не добива ништо.

Пендаровски призна, но Заев уште се плаши, затоа и бега од дебата и соочување, затоа што нема аргумент за губењето на институционалниот идентитет, историјата, културата и традицијата.

Заев бега затоа што договорот кој го потпиша неговата влада е на директна штета на Република Македонија и ги понижува граѓаните.

Заев бега од дебата затоа што нема одговор на прашањето зошто и дава алатка на Грција за блокирање на Република Македонија кон нејзиниот пат кон ЕУ со Комисијата за ревидирање на историјата, културата и археологијата.

Овој договор е штетен и власта го знае тоа, затоа и бегаат од одговори. ВМРО-ДПМНЕ не го поддржува овој штетен договор, ниту некогаш ќе го поддржи. Граѓаните се достоинствени, чесни и умни и знаат како да постапат на 30 септември. Тие сами треба да одлучат со разум и со срце како ќе се постават кон капитулантскиот договор и ВМРО-ДПМНЕ ќе ја почитува нивната волја.

Зоран Заев човекот кој го промовира овој договор мора што побрзо да си замине од власт, пред штетите што ќе ги направи на државата да бидат ненадоместливи.

Сите кои што не се согласуваат со срамните отстапки на Заев кои ги прифаќа само за да го покрие сопствениот криминал, Ги повикуваме да ни се придружат на протестен марш во недела со почеток во 13:00 часот пред црквата Св. Никола во Штип“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

dpmnereferendum

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски15/02/2026 - 12:24

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски11/02/2026 - 14:1211/02/2026 - 14:51

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

Катерина Ѓуровски11/02/2026 - 13:19

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски11/02/2026 - 12:5211/02/2026 - 12:53

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

Катерина Ѓуровски06/02/2026 - 12:54

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски06/02/2026 - 10:5106/02/2026 - 12:17
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен