ВМРО-ДПМНЕ: Пасош од Спасовски имал и лидерот на Кавачки клан баран за дрога и свирепи убиства

Од:

„Како да беше малку меѓународниот блам со издавањето на официјални македонски исправи на криминалци од Шкаљарскиот клан, сега гледаме дека македонски исправи имал и водачот на ривалскиот Кавачки клан.

Имено лидерот на Кавачкиот клан, Радоје Звицер кој е баран заради трговија со дрога и свирепи убиства, според медиумите во регионот имал македонски пасош“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

„Да потсетиме дека со аферата „Мафија“ беше разоткриен мега скандал во кој МВР издавал оригинални македонски пасоши на криминалци со злоупотреба на идентитет на македонски граѓани. Биле издадени 214 пасоши на мафијаши, нарко босови, убијци, терористи па дури и криминалци од завојувани кланови.

Владата на Заев и Спасовски давале закрила на светската мафија, но очигледно поради нивната криминогеност успеале да ги обединат сите белосветски хоштаплери, криминалци и убијци околу себе, па макар биле тие ривалски и крвни непријатели“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски