ВМРО-ДПМНЕ: Панчо Минов и Зеќир Рамчиловиќ кои се синоним за морална ерозија

Од:

„СДСМ со пратеничките листи не нуди ништо ново освен продолжение на политичката кариера на криминалната банда која е на власт веќе три години. Истрошените кадри на СДСМ не се способни за ништо друго освен криминал, економски колапс и неспособност да се остварат дадените ветувања пред граѓаните. СДСМ нема капацитет и човечки потенцијал. СДСМ нема нова енергија и нови кадри. СДСМ очајно се обидува да ја спаси кожата на компромитираните кадри  и да обезбеди нивен политички имунитет. Носителите на листите единствено можат да се пофалат со огромни скандали и афери во политички кариери и ништо конструктивно направено за државата освен штитење на личните интереси“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Заев е единствениот лидер аболициран за тежок криминал. Николовски го уништи земјоделието. Шекеринска е дел од криминалната транзиција. Спасовски е најнеуспешниот министер за внатрешни работи. Никола Димитров го растури МНР и го потпиша штетниот Преспански договор , а Мила Цароска со своите  нелегални активности во министерството за труд и социјала е олицетворение на неспособност, лицемерие,криминал, лаги и манипулации. Посебна приказна се луѓето на листите како Панчо Минов и Зеќир Рамчиловиќ кои се синоним за морална ерозија. Со вакви кадри поразот на СДСМ е очигледен и неизбежен. СДСМ не успеа да понуди ништо ново освен еден континуитет на лагите, измамите и манипулациите. Обновата доаѓа на 12 Април со пораз на компромитираните кадри на СДСМ. Македонија ќе победи и ќе ги испрати СДСМ  засекогаш на политичкото буниште каде што и заслужуваат да бидат. Гласот за ВМРО-ДПМНЕ е глас за обнова, а гласот за СДСM е глас за криминалот кој мора да биде поразен. СДСM не се менува и останува партија заробена од Заев и Шекеринска кои се последните остатоци на криминалната транзиција. За спас на Македонија, транзициските криминалци мора да бидат казнети за штетите кои ги направија“, се додава во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Борозан: Власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите

Левица: Економскиот „успех“ на ДПМНЕ е само пропаганда – поскап живот, слаби инвестиции и 1,44 милијарди евра дефицит

(ВИДЕО) Илјадници луѓе на десничарски протест во Саксонија: „Овој картел, оваа влада мора да си замине“

ВМРО-ДПМНЕ: Во случајот во Ново Село не се инволвирани деца, туку возрасни луѓе на Заев, осудени насилници и наркомани

Горан Наумовски

Марков: Талогот Филипче е прочитана книга, жителите на Ново Село ја избираат политиката на резултати, а не политиката на тензии

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Со капитални инвестиции и реформи ја зајакнуваме енергетската стабилност на Македонија