ВМРО-ДПМНЕ: Овој празник преставува остварување на една голема идеја

Од:

ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани на Република Македонија им го честита Денот на државноста 8 Септември.

– Овој празник преставува остварување на една голема идеја, да се има своја држава. Во овие години на независност Македонија се соочи со многу премрежја и предизвици, многу препреки и проблеми. Но граѓаните покажаа дека обединети, сложно и со заедничка волја може да се постигне многу повеќе, тие покажаа дека заедничката иднина и просперитетот е поважен од поделбите и несогласувањата, пишува во честитката на ВМРО-ДПМНЕ.

– Затоа, нека овој ден не обединува и потсетува на потребата заедно сите да се вложиме во процесот на изградбата и напредокот на нашата татковина, нека овој ден не потсетува на предизвиците кои сме ги надминале и нека овој ден вечно ги потхранува визијата и стремежот за подобра Македонија, наведува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче