ВМРО-ДПМНЕ: Оваа Влада на СДСМ предводена од Зоран Заев е способна само да лаже

Од:

Додека двоецот Заев и Анѓушев се шетаат по регионални бизнис форуми и се појавуваат на домашни бизнис собири каде ветуваат решавање на сите проблеми на бизнис сектори, сведоци сме дека голем број на домашни компании се на прагот на затворање поради лошите политики на Владата. Заев и Анѓушев ветуваат незапаметена помош за домашните компании преку сет на мерки и инструменти што на крајот видовме дека биле креирани за да блиски луѓе до нив ги земаат парите, реагира ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

Зоран Заев ветуваше во 2016 на парламентарните избори и 2017 на локалните избори дека ќе ги реши проблемите со „Југохром“ и дека вработените во „Југохором“ ќе се вратат на работа во 2018 година. Да не заборавиме каков е економскиот ефект од работењето на „Југохром“ за регионот. Денес гледаме во изјава на премиерот дека тоа нема да се случи и дека ќе барал други инвеститори за комбинатот што само ги потврдува неговите лаги и неостварени ветувања. Да не заборавиме дека Вицепремиерот Анѓушев ветуваше решавање на проблемите на „Еурокомпозит“ од Прилеп што исто така се покажа дека е уште една манипулација, додава ВМРО-ДПМНЕ.

Во периодот на владеење на Заев и СДСМ нема инвестиции на домашните компании,како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, нема нови работни места во приватниот сектор, нема странски инвестиции во ТИРЗ низ земјата кои тој и Анѓушев ги најавуваа со влезот на земјата во НАТО, нема капитални инвестиции кои ќе ги подобрат условите на бизнис секторот и граѓаните. Оваа влада на СДСМ предводена од Зоран Заев е способна само да лаже, да манипулира и да се шета низ бизнис форуми ветувајќи дека само што во земјата не започнал економски бум.

Единствено нешто што испорача оваа Влада се повисоки даноци за бизнис секторот и креативните млади претприемачи во земјата, правна несигурност и непредвидливост на законската регулатива што на крај резултира во нарушување на конкурентноста и забавување на економската активност во земјата. Најдобар аргумент за тоа е фактот што додека сите земји во регионот остваруваат рекорди стапки на економски раст, Заев и Анѓушев се фалат со 0% стапка на раст, смета ВМРО-ДПМНЕ.

Почитуван Заев,
Не можете повеќе да ги лажете и манипулирате граѓаните и бизнис секторот затоа што веќе видоа и се уверија дека сте неспособни да ги решавате економските проблеми во земјата и затоа мора што поскоро да си заминете за да може економијата повторно да почне да расте и развива, заклучува партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ наредната недела ќе почне со подготовки за отчетниот Конгрес, а потоа и за внатрепартиските избори

ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН на прва средба за формирање на владата

Катерина Ѓуровски

Првата средба за договор за Влада, работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и на ВЛЕН ќе ја имаат утре

Катерина Ѓуровски

Оставки по поразот – И Лукаревска заминува од потпретседателското место во СДСМ

Анита Петровска Рајковиќ

Деспотовски: Пропуштивме огромна шанса да го направиме првиот чекор кој почнува со одговорност од врвот

Орце Костов

Ковачевски го призна поразот: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Анита Петровска Рајковиќ