ВМРО-ДПМНЕ: Отворените случаи на СЈО се политички конструкции

Од:

ВМРО-ДПМНЕ смета дека сите отворени случаи на СЈО како Таргет, Тврдина, Триста, Титаник, Траекторија, Тенк, ТНТ, Транспортер, Тендери и останатите се во целост политички конструкции и немаат врска со правото.

Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ во изјава пред СЈО рече дека обвиненијата по истите се без никакви докази, крајно неаргументирани, со намера да се врши политички прогон на ВМРО-ДПМНЕ инспириран од СДС.

Според него СЈО е инструмент во рацете на СДС за притисок врз ВМРО-ДПМНЕ, а целта на постоење на СЈО e креирање материјал за оцрнување на ВМРО од страна на медиумите под контрола на СДС.

– Не може да има докази затоа што нема криминал. Се е една голема конструкција и политичка хајка. Од спектакуларните најави и обвинувања за криминали тешки милијарди евра, остана едно големо ништо. Ниту еден од лицата кои се политичка цел на СЈО не остварил ниту денар против правна имотна корист. Тие се цел на Заев и СЈО само затоа што реализирајќи проекти од полза на граѓаните, наводно имале политичка корист, рече Костовски.

Додаде дека ова не е право и правда и ниту има каква било допирна точка со правото и правдата.

– СЈО е обична политичка алатка со ограничен рок на траење. СЈО и сите субјекти во државата треба да знаат дека правораздавање во Република Македонија се врши согласно Устав и закон, во правична и законска постапка, секое постапување кое е во спротивност со овие стандарди значи кривично дело, за кое се одговара согласно закон и од тоа неможе да избега никој, иако тоа од денешен агол да му изгледа далечно и недостижно, рече Костовски.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски