„СДСМ откако е на власт ништо не направи за спречување за загаденоста на воздухот.
Додека граѓаните се трујат со загадениот воздух, СДСМ се однесува како опозиција.
Наместо да се преземат конкретни мерки кои ќе ја намалат загаденоста, тие спијат или играат игрици.
ВМРО-ДПМНЕ бидејќи е партија од народот, им посочи неколку мерки кои ќе помогнат во спречувањето на загадувањето на воздухот.
Од тој пакет беа неколку мерки како што се:
1. Наместо субвенционирање во набавка на дрва на социјално загрозените семејства, да им се исплатат средства за сметките за потрошена електрична енергија.
2. Да се забрани употреба на петрол, кокс, особено во услови на грејна сезона.
3. Да се овозможи, со поддршка на МВР, пренасочување на движењето од централните градски подрачја на товарните возила и градежните машини, во услови на загаденост.
4. Да се започне во 2019 година со градба на секундарната гасификациона мрежа, паралелно со примарната.
5. Да се врши редовна контрола од надлежните инспекциски служби на котлите за горење и оџаците.
6. Во услови на загаденост над Мерните дозволени концентрации, во тек над 7 последователни дена, да се овозможи бесплатен градски превоз, додека трае загадувањето.
7. Инспекциските служби, како на државно, така и на локално ниво, да работат во зимски услови 24 часа и јавно, секој ден со име и презиме, да ги обзнанат најголемите загадувачи и, согласно тоа, мерките кои ги презеле.
Граѓаните се сведоци на лагите и неспособноста на владата на СДСМ.
Моментално неспособноста на СДСМ, граѓаните ја плаќаат со сопственото здравје.
И затоа време е одговорните или да почнат да работат или да си заминат!“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.