ВМРО-ДПМНЕ: Оставката на Павле Богоевски е лажно продавање на морал

Од:

Оставката на Павле Богоевски е лажно продавање на морал и обид да се избегне кривична одговорност. Денеска граѓаните беа сведоци на лажно продавање на морал од луѓе како Павле Богоевски, кој беше фатен како вршел кривични дела додека ја извршувал пратеничката функција. Неговата оставка не може да биде оправдување и амнестирање од направениот криминалот, тој мора да сноси кривична одговорност
за трговија на нарко-пазарот, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на Костадин Костадинов.

“Павле Богоевски и тие кои го бранеа мора да одговорат со кои дилери комуницирал наместо да ја замајуваат јавноста со приказни за таксисти. Граѓаните очекуваат оставка и од Зоран Заев кој беше фатен жив неколку пати во тежок криминал, а ниту еднаш не одговараше.

Пример за тоа е и „едно евро за Вицето, едно евро за црквата“. Зоран Заев треба да знае дека ништо не е вечно па така и неговите матни
зделки, тендери и бизниси за кои треба да одговара. Ќе одговара за расипничкото трошење на парите на граѓаните, денот кога ќе се стави крај на Кацарска судството и Рускоска обвинителството, кога во Македонија ќе се врати правдата и правната држава.” е наведено во реакцијата на партијата.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ