ВМРО-ДПМНЕ: Оставката на Богоевски е само затскривање на големите криминалци во владата

Од:

„Зоран Заев и Павле Богоевски се криминалци. И за Заев и за Богоевски постојат тонски записи од вршење на криминал. И Заев и Богоевски се криминалци.

Заев и Богоевски можат да соработуваат само во затвор. Оставката на Богоевски е само затскривање на големите криминалци во владата, како Зоран Заев. Тој иако целата јавност го виде како бара мито во висина од 200.000 евра се уште е на слобода затоа што судството е под негова контрола. Претходно Заев беше аболициран за криминал тежок 8 милиони евра.

Заев пред целата македонска јавност во ек на кампањата за референдумот повика на поткуп за гласање, а разрешница за случајот нема.

Оставката на Богоевски е само бледо затскривање зад моралноста, а Заев кој е жив фатен во криминал се уште е на позицијата премиер, а постапките против него се прекинати.

Наместо само оставка потребна е кривична одговорност. Вистинската казна треба да стигне преку правосудните органи и непречено одвивање на кривичната постапка.

Местото на Богоевски не е во политиката исто како и на Заев, неговото место е во некоја казнено поправна установа, каде друштво ќе му прави Зоран Заев, кој исто така ќе одговара за своите криминали по враќањето на правната држава“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ прифаќа надзорна и анкетна комисија за Кочани, но да бидат вклучени и другите трагедии

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Победата на ВРЕДИ е формална, се е благодарение на организираното гласање на ВМРО-ДПМНЕ, вели Адеми