ВМРО-ДПМНЕ останува на барањето за физичко пребројување на гласовите од сите 3.480 избирачки места, ќе поднесе тужби до Управниот суд

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ смета дека со одлуката на Државната изборна комисија да ги одбие поднесените приговорите и да издаде решение со таква одлука го наштети изборниот резултат постигнат на предвремените парламентарни избори и со тоа нанесе штета на севкупниот изборен процес, но и врз угледот на Република Македонија.

„Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе тужби до Управниот суд по решенијата од ДИК.

ВМРО-ДПМНЕ поднесе два суштински приговори до ДИК во однос на барање на физичко пребројување на гласачките ливчиња од сите 3.480 избирачки места во државата, заради утврдување точен и конечен резултат од предвремените парламентарни избори од 13, 14 и 15 јули, како и во делот на свесната кампања со наведување на гласачите за уништување на гласачко ливче.

Сметаме дека се прекршени, односно не се испочитувани ставовите од членот 135 од Изборниот законик, коишто се однесуваат на објавувањето на резултатите. Резултатите објавени по електронски пат не се совпаѓаат со реалните резултати од записниците број 16, а од страна на ДИК беа објавени по законскиот рок од 12 часа за објавување на првичните резултати. Притоа, резултатите објавени на електронската апликација на ДИК не се во согласност со резултатите во
записниците број 16, односно со оглед дека поголем дел од резултатите внесени на апликацијата на ДИК не се совпаѓаат со резултатите од записниците број 16, се отвора сомнеж за легитимноста на севкупниот изборен процес.

Понатаму, бројките објавени од страна на ДИК во заклучокот за објавување на резултатите, односно вкупниот број на неупотребени гласачки ливчиња заедно со број на употребени важечки и  неважечки гласачки ливчиња коишто се објавени во заклучокот е помал од бројот на избирачи запишани во Избирачкиот список. Тоа остава сомнеж за тоа каде се останатите гласачки ливчиња коишто недостасуваат согласно објавениот заклучок на ДИК,“ велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

ВМРО-ДПМНЕ: Младите брачни парови и самохрани родители до 40 години ќе се ослободат од комуналии за да се реши станбеното прашање

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски