ВМРО-ДПМНЕ: Општина Центар своите одлуки да ги носи согласно со законските прописи во државата

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ има целосно разбирање за волјата на граѓаните и затоа не гласаше против одлуката за запирање на изградба на улицата на Кејот „13 Ноември“. Единствено ВМРО-ДПМНЕ бара општина Центар своите одлуки да ги носи согласно со законските прописи во државата.

ВМРО-ДПМНЕ бара и СДСМ да има разбирање за волјата на граѓаните и да отстапи од Тиранската Платформа.
Иднината на Република Македонија е сериозно загрозена од елементите содржани во Тиранската Платформа, кои водат кон редефинирање на Македонија и нејзино претворање од унитарна и мултиетничка држава, во бинационална држава со тенденција за федерализација.

Ако улицата во општина Центар е од големо значење за граѓаните, одбивањето на Тиранската Платформа е од суштинско значење за целиот народ и држава. Очекуваме СДСМ да се одважи и јасно и гласно да ја одбие во целост“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ