ВМРО-ДПМНЕ: Општина Битола остави повеќе од 500 ученици без загарантиран превоз во две средни училишта во градот

Од:

Елена Трајчевска од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција изјави дека на следната седница Советот на Општина Битола, на дневен ред меѓу останатите точки се и завршните сметки на училиштата во Битола. Според неа, за очекување е дека новата локална самоуправа повторно да настапи во досегашниот стил, барајќи алиби, како што кажа, за својата неспособност и обид за прикривање на пропустите во секторот образование.

– Досега бевме сведоци на непотизам од највисок ред потоа незаконски отпуштања на над 70 вработени како наставен кадар, административен и помошно технички персонал, за денес да сме сведоци на незаконско постапување, бидејќи во две средни училишта Горната гимназија и Медицинското училиште, градоначалничката остави без превоз повеќе од 500 ученици, превоз кој што им е гарантиран со закон и остава простор за кривична одговорност, бидејќи законите за средно и основно образование на тоа обврзуваат. Ги повикуваме институциите надлежни за утврдување на кривична одговорност по допрен глас да реагираат и да проверат зошто градоначалничката Петровска незаконски се однесува, заедно со нејзините директори, кон законската обврска за бесплатен превоз на учениците, рече Трајчевска.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче сфаќа што збори тогаш веројатно е свесен дека става нова јамка на вратот на македонскиот народ

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

Поради свлечиште затворена обиколницата околу Битола, сообраќајот се пренасочува преку градот

Лажниот лекар „дере“ низ Битола: Од новата жртва зема 9.600 евра