ВМРО-ДПМНЕ: Окрупнувањето на опозицијата значи дека власта е на стаклени нозе

Од:

„Обединувањето на раководни структури на Интегра и ВМРО-ДПМНЕ единствено го осуди СДСМ затоа што претставува неуспех на нивната политика и платените инсталации да предизвикаат процеп на опозициското ткиво.

Очигледно работите стануваат јасни дека Зоран Заев станува осамен во неговата фотелја опркужен со климаци на глава кои го потхрануваат неговото его и го залажуваат дека народот јаде колачи кога нема ниту за леб. Заев може да биде добар Барон Михаузен но не и народен лидер“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Окрупнувањето на опозицискиот блок значи дека власта е на стаклени нозе и прашање на време е кога Заев ќе падне а мафијата ќе одговара.

Распределбата на првиот и вториот ешалон на владините ресори потврдува дека криминалците од СДС и ДУИ ги интересира само пари, власт и тендери, додека народот осиромашува“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски