ВМРО-ДПМНЕ: Одговорност од бездушниците Филипче и Заев, 20 медицински лица заболени од корона од само една болница

Од:

„Ситуацијата со коронавирусот е алармантна. Дваесет медицински лица заболени на една клиника во рамки на кампусот клиники Мајка Тереза. Или дваесет лица заболени на Клиниката за нефрологија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ќе може ли воопшто таа Клиника да функционира во наредниот период, што со пациентите кои секојдневно се таму на прегледи, што со пациентите кои без дијализа не можат да живеат?

Зарем не ги јаде совеста бездушниците Филипче и Заев? Очигледно не, гајле им е.

Филипче и Заев дозволија покољ!

Филипче и Заев направија покољ, ги оставија на цедило медицисните лица кои се на првата борбена линија!

Филипче и Заев не обезбедија заштитна опрема за медицинските лица, а сега нема вакцини. Нема вакцини воопшто! Нема вакцини за никого!

За ова одговорност мора да има и тоа веднаш!“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски