ВМРО-ДПМНЕ: Од опозиција во 2011 година СДСМ водеше кампања против вакцинирањето во ек на епидемија

Од:

„Хаосот во врска со вакцинирањето на децата настана токму поради кампањата на Филипче и Заев дека ако граѓаните ја поддржат промената на името и со влезот во Европската унија ќе има квалитетни вакцини.

Од опозиција во 2011 година СДСМ водеше кампања против вакцинирањето во ек на епидемија.

Сега според СДСМ од власт вакцинирањето е задолжително и e обврска за родителите.

На кое СДСМ треба граѓаните да му веруваат? На она кое свесно креираше паника против вакцинирањето и придонесе за антивакциналното расположение или на ова сега што ја предводи Владата?

Јасно е дека децата треба да се вакцинираат, а Филипче и Заев да престанат да манипулираат со јавноста. Тие ги лажат родителите на децата. Филипче по ова треба веднаш да поднесе оставка“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на министерот Филипче.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски