ВМРО-ДПМНЕ: Новиот директор на Водовод контра Арсовска – Комисијата за пречистителната станица не се менува, тогаш и градоначалничката признава дека Перински е чист

Од:

Новоименуваниот директор на ЈП Водовод и Канализација, Митовски ги потврди позициите на Златко Перински, кого Данела Арсовска го разреши затоа што му наложи, а тој одби да ја промени комисијата за евалуација на тендерот за пречистителната станица, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Марјанчо Митовски кадарот на Арсовска ја демантира самата неа. Директорот потврди дека не може да се спроведе замислата на Арсовска за менување на Комисијата. Впрочем ова го посочи и Европската Инвестициска банка која го кредитира и води проектот, кога застана во одбрана на ставовите на претходниот директор Перински.

Сега кога Арсовска е оставена сама со своите каприци, останува нејасно зошто го разреши Перински, врз кого вршеше притисок да ја промени Комисијата за тендерска евалуација? Кој беше мотивот на Арсовска да го загрози процесот? Дали водена од истите свои бесмислени ставови ќе наложи разрешување и на сегашниот директор Митовски кој самата го именуваше?

Арсовска треба да се соземе и да прифати дека со проекти финансирани со европски пари не може да се однесува самоволно и деспотски. Постојат правила и принципи кои се претходно утврдени.

Веројатно ќе сфати дека позицијата градоначалник на Скопје е многу одговорна позиција. Данела Арсовска наместо со кавги и каприци, треба да се зафати со реализација на ветувањата заради кои ја избраа граѓаните и заради што е платена со народни пари“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Град Скопје: Трајко Славески не прифати седница за донирање на месечните паушали за Леонид

Предраг Петровиќ

Дива депонија во Визбегово, Арсовска најави кривични пријави

Стојановски: Утре изутрина од 4:45 часот јавниот градски превоз ќе продолжи нормално да функционира

Предраг Петровиќ

Советот на Град Скопје ја донесе одлуката за давање субвенции на ЈСП Скопје за 2024 година

Град Скопје: Вработените во ЈСП Скопје без плата, а граѓаните на Скопје без превоз

Левица: Итна седница на Советот на Град Скопје, Трудот на работниците во „Флораком“ и „Луна“ мора да биде исплатен

А1он