ВМРО-ДПМНЕ: Нови дојави за бомби, страв и тензии, Спасовски наместо за безбедноста на граѓаните се грижи за партиските митинзи

Од:

Повторно дојави за бомби, повторно евакуации на училишта, повторно тензии, а Оливер Спасовски продолжува со неспособноста и не може да се справи со оваа безбедносна закана велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Очигледно капацитетите на МВР ги ангажира само кога се работи за обезбедување на партиски настани на СДС, а не и за граѓаните. Да потсетиме дека полицијата го чуваше 24 часа објектот кај што требаше да се одржи трибината на СДС, а во исто време граѓаните се во постојана тензија и страв од дојави за бомби во трговски центри, станбени објекти, хотели, институции и други јавни места веќе со месеци. Дури и странските амбасади веќе ги предупредуваат нивните граѓани кои патуваат во Македонија. Сите се загрижени за безбедноста, само Спасовски и Ковачевски мува не ги лази. Останува нејасно зошто неспособниот Спасовски до сега не побарал помош од меѓународни и домашни експерти за решавање на овој проблем? Зошто дури сега после три месеци од континуирани закани и тензии се координираат безбедносните служби? Зошто не се искористени капацитетите на нашите пријателски и партнерски земји кога веќе власта тврди дека сме под хибридни напади? Дали власта на Ковачевски намерно дозволува да се шири страв и тензии во јавноста толку долго или пак толку знаат да се справат со ситуацијата се наведува во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина