А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Ниту Груевски, ниту Мијалков купувале фирми во Србија

by А1он03/12/2017 - 09:4803/12/2017 - 10:1671
Share0

„Ниту Претседателот Никола Груевски, ниту Сашо Мијалков немаат никаква поврзаност со приватизацијата на фабрики во Србија.

Следете a1on на Instagram Instagram

Ниту претседателот Никола Груевски, ниту Сашо Мијалков извлекувале пари од Македонија за да купуваат фирми во Србија, како што пренесуваат медиумите под контрола на СДС.

Зоран Заев и СДС имаат потреба да ја дефокусираат јавноста со секакви манипулации за да го сокријат срамот што граѓаните секојдневно го гледаат. Хунтата под водство на Зоран Заев целосно ги потчини судовите кои веќе не ги интересира правото и правдината, туку само исполнување на политички нарачки. Затоа осудените за грозоморната ликвидација на момчињата кај Смилковско езеро се пуштаат да се бранат од слобода за кривично дело тероризам, а се притвораат патриоти чиј единствен грев е што си ја сакаат татковината.

За да ги сокријат сите антидржавни политики, медиумите под контрола на СДС имаат потреба без да ја проверат точноста на информациите да пренесуваат интервјуа од соседни земји чија намена е внатреполитичка пресметка.
Изнесените наводи во интервјуто кое го пренесуваат порталите блиски до СДС се целосно неточни и најостро ги демантираме“, се вели во демантот на ВМРО-ДПМНЕ на „лагите пласирани во одредени медиуми кои се однесуваат на Никола Груевски и Сашо Мијалков“.

Следете a1on на Youtube YouTube
dpmne

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Катерина Ѓуровски27/09/2026 - 12:04

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Катерина Ѓуровски14/09/2026 - 12:36

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Катерина Ѓуровски29/08/2026 - 12:08

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски24/08/2026 - 13:56

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

Катерина Ѓуровски18/08/2026 - 13:27

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

Катерина Ѓуровски16/08/2026 - 10:32
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео