ВМРО-ДПМНЕ: Никола Груевски е кај пријател на свадба во Италија

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ е на приватно патување во Италија каде што со семејството е поканет на свадба кај личен пријател.

Како и секој патник на кој било аеродром, времето додека чека го поминува разгледувајќи ги фри шоповите. Изјавите на Шилегов се само уште една во низата клевети со кои крадецот сака останатите да ги претстави дека се исти како него.

Шилегов треба да и објасни на јавноста од каде обезбедил пари за двата стана на улица Партизанска во Скопје кои чинат над 150 000 евра? Дури и со кредит да ги купувал, од каде нашол Шилегов пари да покрие толкав кредит со пратеничка плата, ако се земе предвид дека неговата сопруга има месечни примања од само 11 000 денари? Шилегов наместо да сее магла треба да каже како успеал со минимални примања да стекне имот, возен парк, скапи уметнички слики и накит од речиси 1 милион евра?

Другпат кога Шилегов ќе манипулира редно е да одговори на овие прашања кои јавноста ги очекува од него, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на објавата од Шилегов дека Груевски на аеродромот во Рим купува скапи брендови.

Би можело да ве интересира

Дупка длабока 10 метра прголта автомобили во Рим

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Италија: Романски тинејџер е застрелан на метро станица во предградието на Рим

(ВИДЕО) Експлозија во Рим: Тројца извлечени од под урнатините

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

Османи: Груевски треба да биде во Македонија и тука да се соочи со правдата

Горан Наумовски