ВМРО-ДПМНЕ: Никој не верува во продавањето лаги спакувани како некаква борба за отворено општество

Од:

„Деструкцијата и манипулациите на Сорос се прочитана книга.

Вандализмот и анархијата што ја промовираат неговите платеници наидуваат на се поголем отпор и во Македонија и низ светот.

Веќе никој не верува во продавањето лаги спакувани како некаква борба за отворено општество. Станува јасно како бел ден дека скапо платените вандали на Сорос уништуваат се пред себе за дебели пари.

СДСМ/Сорос во нивното дивеење низ улиците на Скопје повредија десетици полициски службеници, палеа, кршеа и предизвикаа штети тешки стотици илјади евра.

Сега се спушта маглата. Се гледаат нивните ниски мотиви за насилствата и дивеењето. Стануваат вест и во САД.

Почнуваат да ги нарекуваат бандите на Сорос.

Народот избра на 11-ти декември. Нема Сорос, има мир“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Димитриевски: Владата на Мицкоски им ги скрати субвенциите на земјоделите за огромни 40 милиони евра

СДСМ: Советник на Мицкоски за нов уставен судија – толку од независноста на судството

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Филипче: Државата е заглавена, ова е старото ВМРО од времето на Груевски

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник