ВМРО ДПМНЕ: Незрел однос на изгубената СДСМ, бараме лидерска за излез од кризата во државата

Од:

Од опозициската ВМРО ДПМНЕ реагираат на денешната прес конференција на Коста Петров од СДСМ.

„СДСМ и Коста Петров имаат незрел однос кон најважните прашања во државата. Никој од ВМРО-ДПМНЕ не спомена брзи избори, а тие продолжуваат лажно да си ги толкуваат работите како сто тие би сакале. Тоа се вика лицемерие.

Од една страна брифираат датуми за избори, покренуваат полутајни иницијативи за свикување на Собрание, грчевито се борат за фотелјата на Заев, а од друга страна во јавност велат дека се загрижени за здравјето на граѓаните.

Граѓаните немаат ништо од загриженоста на Коста Петров туку може да имаат бенифит од работата на владата која во моментов не ја гледаме.

За ВМРО-ДПМНЕ приоритет не се изборите туку здравјето на граѓаните и економијата. Заев е тој кој што борбата за фотелја ја става пред здравјето на граѓаните. Апелираме на разумно и зрело однесување. Одбивањето на свикување лидерска средба знаци незрел однос на СДСМ и недораснатост да се дискутира за најважните прашања во државата“, пишува во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Колева: ДПМНЕ лаже, да беа чесни нема да создаваа паника и хистерија кај граѓаните

Орце Костов

Шутаров: ДПМНЕ да не го кочеше проектот за БТР немаше денеска да зборуваме за катализма на ЈСП и јавниот превоз

А1он

Мицкоски: За скандалот со Онкологија треба да има и кривична, но и политичка одговорност затоа што не се постапувало најмалку 6 месеци и се дозволило да се губат човечки животи

Искршен автомобилот на Митева од ВМРО-ДПМНЕ

А1он

(ВИДЕО) Синот и внуците на Ахмети сакаат да градат фотоволтаична централа, бизнис од 35 милиони евра, велат од ВМРО –ДПМНЕ

А1он

Џафери: Оди пресметај се со син ми, не си му ни до мал прст – Пази малку, не си во шума, му врати ВМРО-ДПМНЕ

А1он