ВМРО-ДПМНЕ: Невработеноста повисока за 36 илјади лица, 100.000 блокирани сметки, а Заев со пари на граѓаните ќе си плаќа пет потпретседатели на Собрание

Од:

„Македонија со власта на Заев стана црна точка во регионот и Европа во време на епидемијата со коронавирусот.

Вкупната бројка на заболени се ближи до 14 илјади што е скоро 7 пати повеќе од прогнозите на Венко Филипче. Билансот на загинати исто така е висок, околу 570. Во двата параметри сме црн рекордер на еден милион жители во регионот и пошироко.

Црните биланси од неспособноста и неодговорноста на оваа криминогена власт на Заев се гледаат и во економијата. За само три месеци генерираа 1 милијарда нов долг, а од тоа нема никаков ефект. Нема капитални инвестиции и стопанството тоне. Невработеноста е зголемена за нови 36 илјади невработени лица. Просечната плата во април во споредба со февруари беше помала за 1.367 денари, а скоро 30 илјади лица не земаат редовно плата. Парите се потрошија на изборен поткуп, наместо за реална помош на стопанството. Црните прогнози на експертите се дека и оваа милијарда нема да биде доволна до крајот на годината државата да ги сервисира основните работи“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Затоа власта на Заев посегна по поскапување на струјата за 7,5%, со цел да ги покрие матните тендери кои фирмите блиски на Заеви ги земале од енергетските компании.

Освен што сме единствена земја во регионот и пошироко која посегна по поскапување на струјата, Македонија е единствената земја во која пропадна една банка. Во овој скандал тежок скоро 200 милиони евра најмногу настрадаа граѓаните. Близу 100.000 сметки останаа блокирани, а 40.000 пензионери нема да ја земат редовно својата пензија. Затоа пак министерката за финансии Ангеловска и неколку струмички фирми успеаја да ги извадат своите пари, благодарение на информациите кои Заев, СДСМ и Власта ги имале за состојбата и иднината на банката.

Ете затоа Македонија е земја во која 500 илјади граѓани живеат во сиромаштија додека кланот на Заеви се богати. Нив не ги интересираат граѓаните и нивните проблеми, туку ги интересира само како да се богатат“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски