ВМРО-ДПМНЕ: Неспособноста на Филипче во еден ден зави во црно 20 семејства, веднаш оставка

Од:

„Гробарот Венко Филипче од ден на ден завива во црнина се повеќе семејства. Само во последното деноноќие има 20 починати лица.
Филипче на душа носи 20 семејства на 20 починати лица само во едно деноноќие.

Филипче е способен само за црни рекорди. Бројката на новозаразени благодарение на неспособниот Филипче е 40 проценти од вкупниот број на тестирани“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Неспособноста на Филипче води кон се поголем број на новозаболени и се повеќе починати лица. По Втората светска војна до денес Македонија не памети толку големи човечки загуби.

Македонија се соочува со најголема смртност предизвикана од корона затоа што Филипче здравствениот систем го стави на колена. Филипче и предводникот на владата Заев покажаа дека можат да бидат само фабрика за смрт.

Филипче и Заев покажаа дека не можат ништо добро да направат за граѓаните. Затоа Филипче оставка! Оставка на владата за спас на граѓаните!“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски