ВМРО-ДПМНЕ: Неспособните функционери на СДСМ претставуваат ризик по Македонија

Од:

„Заев, Димитров, Шекеринска, Спасовски и останатите корумпирани и неспособни функционери на СДСМ претставуваат ризик по Македонија, македонскиот народ, јазик и се што претставува идентитетска одредница. Тие се сериозна опасност се додека се на власт.

Кај нив сите овие трајни вредности имаат цена, а таа зависи од пазарната понуда и од нивните лични потреби.

Се ценкаат и распродаваат нешто што не е нивно, туку било градено со генерации“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Во моментов се случува скандал од невидени размери. Димитров, Заев и Спасовски кријат од македонската јавност документ со кој Бугарија отворено го условува за датумот за преговори.

Од Македонија се бара да се откаже од македонско малцинство, а со тоа и од именувањето на македонскиот народ како македонски.
Со имплементацијата на одредбите на овој документ се условува одржувањето на првата меѓувладина конференција за конечното дефинирање на преговарачкиот пакет за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ.

Со овој документ Зоран Заев, Никола Димитров, Оливер Спасовски, Радмила Шекеринска влегуваат во проект за редефинирање, создавање на новата т.н. севереномакедонска нација и целосно откажување од се што е македонско.

Капитулациите на Зоран Заев не завршуваат. Заев потполно ја стави државата на колена. Членството на Македонија во ЕУ е стратешки приоритет.

Но да станеме дел од ЕУ, треба да го направиме достоинствено, а не понижени. Со промената на криминалците и кариеристи од оваа власт и кога ќе дојде чесен и патриотски тим може да ја направи Македонија партнер кој ќе биде ценет. токму тој тим ќе гради добрососедски односи на рамноправна основа и взаемно почитување, а не понижување“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници