ВМРО ДПМНЕ: Неспособната власт сака да ја дефокусира јавноста од тајните преговори кои денес се водат во Софија

Од:

Од ВМРО ДПМНЕ велат дека власта спроведува насилство врз пратениците за да ја дефокусира јавноста од преговорите со Бугарија.

„Насилие, физичка пресметка, недоличен речник е вистинската слика за криминалната власт на СДСМ И ДУИ.

На лудилото на власта и нема крај.

Граѓаните денес беа сведоци на вистинското лице на насилниците на ДУИ И СДСМ како физички нападнаа свои колеги мавајќи со чаши по нив.

Наместо СДСМ да го осуди ваквото насилничко однесување на Арбер Адеми застана во одбрана на насилството и го поддржа ваквото скандалозно однесување

СДСМ И ДУИ денес во Собранието демонстрираа сила и предизвикаа инцидент за да се дефокусира јавноста од она што тајно денес го реализираат.

Неспособната власт сака да ја дефокусира јавноста од тајните преговори кои денес се водат во Софија за предавствата на Димитар Ковачевски, Бујар Османи и Бојан Маричиќ.

Ваквите мрачни сценарија нема да им поминат. Премногу е“, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски