ВМРО-ДПМНЕ: Несоодветната постапка за работа на градинките го загрози здравјето на децата

Од:

„Зоран Заев и неговата министерка за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска не знаат ништо друго освен да ги лажат граѓаните.

Заев и Шахпаска со несоодветната постапка и несоодветните протоколи за работа на градинките го загрозија здравјето на најмладата популација, на децата. Негрижејќи се за децата си поигруваат со родителите.

Знаат ли воопшто во владата предводена од СДСМ што е потребно да се направи за работата на градинките во ситуација на пандемија со КОВИД-19. Очигледно не, бидејќи со самото отворање на градинките се појавија проблеми, од ден на ден слушаме само за заболени деца и за заболени меѓу вработените. Бројот на заболени деца од ден на ден само расте“, реагираат ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на министерката Јагода Шахпаска.

„Како што нема грижа за најмладата популација, така Шахпаска нема визија ниту за возрасните во земјава, за пензионерите. Досега владата на СДСМ само ги лаже пензионерите и нема ништо од ветуваното покачување на пензиите освен по некое фрлање трошки.

Корумпираната екипа на СДСМ ниту може, ниту знае да зборува за општество на еднакви граѓани и општество на социјална правда. Само за неколку месеци годинава без работа на улица останаа повеќе од 40 илјади граѓани.

Народот со корумпираната екипа предводена од Заев само осиромашува.

Мафијата, криминалот и владата кои се едно исто во Македонија мора да паднат“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски