ВМРО-ДПМНЕ: Неработникот Жерновски е веќе прочитана книга

Од:

„Помина времето на слаткоречиви политичари кои многу ветуваат, а ништо не работат.

Ова треба да му биде јасно на неработникот Андреј Жерновски кој ја заборави својата предизборна програма и ветувањата содржани во неа.

Жерновски во својот мандат безброј пати покажа и докажа дека не му се важни граѓаните и нивните реални потреби и проблеми.

Жерновски ги изневери центарци.

Додека си прави прескапи забави и боемски улици граѓаните се натрпани со реални потреби како што се, немање училишта, градинки, немање реновирани и убави улици, ниту пак паркинг место каде што може да се паркираат.

Доколку мисли дека граѓаните ги забравија неговите ветувања, Жерновски се излажал.

Граѓаните не забораваат, а сега и ќе го потсетат што ветуваше, а никогаш не оствари за време на својот мандат.

– Во однос на колективното домување, Жерновски ветуваше дека во станбените згради ќе обезбеди редовен преглед и одржување на лифтовите и ќе набави противпожарни апарати во влезовите и надворешно осветлување, но никогаш од ова ништо не беше исполнето.

-Тој ветуваше и оформување на општински совет за мал бизнис, формирање на бизнис центри, оформување на микро бизнис инкубатор.

– Најавуваше и целосно уредување на дворовите за сите детски градинки, како и бесплатна чаша млеко или парче овошје за секој ученик.

– Вети поставување 20 мини чешми низ цела Општина, кои никогаш не беа поставени, а веќе постоечките воопшто не се одржуваат.

Неработникот Жерновски е веќе прочитана книга кај граѓаните на Центар. Тие веќе не му веруваат на неговите лаги, интриги и политиканство.

Жерновски е прв во редот на градоначалниците кои не направиле ништо за својата општина и за своите граѓани и единствено ќе биде запамтен по Боемските улици и скапите Ди-џеи.

Граѓаните на Општина Центар на следните локални избори ќе стават крај на ваквото расипничко однесување и неодговорно работење на Андреј Жерновски“, изјави Илија Илијовски, Претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Центар и советник во Општина Центар.

Би можело да ве интересира

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски