А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Непринципиелно известување на медиумите кои ги поддржуваат вандалските протести на СДСМ

by А1он06/06/2016 - 16:14141
Share0

Непринципиелното и неизбалансирано информирање на оние медиумите кои ги поддржуваат вандалските протести на СДСМ и Сорос продолжува со несмален интензитет, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Добивај вести на вибер

„ТВ 24 Вести и ТВ Телма вчера во еден блок на централните вести им доделија 1670 секунди на тезите базирани на манипулативната пропаганда и измислиците на СДСМ односно за неаргументирано напаѓање на ВМРО-ДПМНЕ.

Во мај СДСМ доби повеќе од 50 часа за својата проопаганда во само еден програмски појас на две телевизии. Оваа бројка е неколкукратно поголема кога ќе се земат предвид сите информативни блокови во текот на денот. Од почетокот на јуни СДСМ доби 29.025 секунди во истиот програмски појас на овие две телевизии за ширење на своите безочни лаги и манипулации.

Порталите кои граѓаните одамна ги препознаваат како партиски гласила на СДСМ, како што се Фокус, А1Он, Либертас, Плусинфо и другите соросови гласила вчера повторно работеа со нарачани текстови за промоција на манипулациите на СДСМ и неаргументирано напаѓање на ВМРО-ДПМНЕ.

Такво е избалансираното новинарство според СДСМ – да имаат на располагање илјадници секунди за нивните измислици и лаги секој ден на телевизиите и стотици нарачани текстови на порталите.

СДСМ сака и медиумите кои не се под диктат на Бихаќка да ги „дисциплинира“ по свој терк. За таа цел овие медиуми веднаш се прогласуваат за политички непријатели, функционерите на СДСМ им се закануваат со затвор и им се мешаат во уредувачката политика, а активистите на СДСМ упатуваат и смртни закани до нивните новинари и уредници.

СДСМ никогаш не сакал слободни медиуми. СДСМ сака тотална контрола врз медиумите“, стои во партискиото соопштение.

mediumivmro-dpmne

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

Горан Наумовски11/03/2026 - 08:08

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

Предраг Петровиќ09/03/2026 - 17:29

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

Горан Наумовски27/02/2026 - 19:39

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

Горан Наумовски26/02/2026 - 09:12

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

Горан Наумовски26/02/2026 - 09:11

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

Горан Наумовски25/02/2026 - 20:08
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен