ВМРО-ДПМНЕ: Нема заштитна опрема за медицинскиот персонал

Од:

„СДСМ ги остави лекарите и целокупниот медицински персонал голораки во ек на пандемија од заразен вирус.

Заштитна опрема нема. Доказ за тоа е и фактот дека над 10% од заразените или над 80 лица се лекари. Доколку имале соодветна заштитна опрема, тие нема да биле заразени.

Недостасуваат скафандери, визири, заштитни маски, ракавици, средства за дезинфекција.

ВМРО-ДПМНЕ предложи да се обезбеди заштитна опрема за болниците ширум државата, преку формирање на фонд од 10 милиони евра за производство во македонските текстилни фабрики, мерка со која ќе се обезбеди плата за вработените во текстиланата индустрија, но и ќе се обезбедат висококвалитетни заштитни материјали.

Очигледно СДСМ не може да излезе од матрицата на суетност и надменост и затоа и овој предлог го игнорира на штета на лекарите, медицинските лица, текстилната индустрија и нивните вработени“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ