ВМРО-ДПМНЕ: Нема ништо антиалбанско во обелоденување на криминалот на Груби, но има многу антиалбанско во неговото богатење на грбот на граѓаните

Од:

Нервозните реакции на Артан Груби само покажуваат дека тој е фатен на дело, обвиткан со криминал и рекет. Ја разбираме реторика на ДУИ, наместо аргументи за тоа како фирмата на брат му на Груби станала сопственик на ултра деловен објект на улица Македонија во центарот на Скопје, тие се насочија кон стандардното манипулирање дека наводно ВМРО-ДПМНЕ била антиалбанска партија реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на ставот на ДУИ дека ВМРО-ДПМНЕ е криминална и антиалбанска партија.

– Груби треба да знае дека нема ништо антиалбанско во обелодувањето на неговиот криминал, но има многу антиалбанско во неговото богатење на грбот, и на македонците, и на Албанците, но и сите останати граѓани. Навистина не можеме да го препознаеме ова ново однесување на Артан Груби кон ВМРО-ДПМНЕ кое многу поразлично од минатите години кога се треперење доаѓаше во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, се часови се поклонуваше пред портретите на македонската револуционерна борба и зборуваше со воодушевување на столетниот габарит и улога на ВМРО во македонската борба за слобода. Легендата вели, дека малиот Груби, народски кажано „ниту со хебла не можеа да го извадат од штабот на ВМРО-ДПМНЕ“. Ја сфаќаме и неговата пасија кон одредени хотелско коцкарски коалиции и преференциите да биде близок до таквите луѓе за кои што во неформални разговори кажува дека се неговите идоли. Но, таквата негова клептоманија не ги решава проблемите на граѓаните. Жално е да се гледа како малиот Артан Груби од ДУИ создава приватна корпорација за исполнување на лични бизнис интереси. Малиот Груби секогаш ќе остане мало клептоманче, кое само се обидува да гради лажна перцепција на голем политичар, со други зборови, „вака мали Џокица замислува политика“ се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Одложено e денешното рочиште за „Лотарија“, судењето продолжува на 11 ноември

ДУИ: За првпат од 1995 година нема примен ниту еден албански кадет во Воената академија

ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

ВИДЕО: Голема прослава на ДУИ за победата во Брвеница

Катерина Ѓуровски