ВМРО-ДПМНЕ: Нема да учествуваме во криминалот на Филипче и Заев, несериозно е со закон од неколку листа да се даде за право на СДСМ да украде над пола милијарда евра

Од:

„Она што го нуди Филипче на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, а е поврзано со Клиничкиот центар е тие да дадат амин на најкорумпираната влада во Европа да располага со над пола милијарда евра за криминална изградба на Клинички центар.

Или фигуративно кажано да се согласат пратениците два гладни волка да влезат во стадо јагниња и сето тоа немо да го посматраат“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, реакција на ставовите на Венко Филипче.

„Филипче краде од набавка на томографи, а можете да замислите што ќе се случи кога на располагање ќе имаат над пола милијарда евра. Тоа би било пљачка на векот.

ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во криминал и грабеж. Бидејќи СДСМ се фали дека има стабилно мнозинство можат да го поминат законот но да знаат дека ќе одговараат за секое украдено евро потоа.

Несериозно е со закон од неколку листа да им се даде за право да украдат над пола милијарда евра.

Фактот дека не започнаа со градба на готов проект и пари кои им ги остави ВМРО-ДПМНЕ при смена на власта, најдобро говори дека сега бараат личен криминален интерес од градба на друг проект. Ниту Клинички ќе има, ниту подобри здравствени услови“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски