ВМРО-ДПМНЕ: Нема да го поддржиме Џафери, лошо управуваше со Собранието во минатото

Од:

„Ако денот по утрото се познава, ќе имаме лош ден затоа што начинот на формирањето на ова парламентарно мнозинство, начинот на почетокот на првата конститутивна седница, продолжетокот на првата конститутивна седница не ни
даваат за право да мислиме дека ова владеачко мнозинство имајќи го во предвид начинот на кој што во предизборниот период манипулираше со вонредната состојба и со голем дел на уредбите кои што беа донесени во тој период, а ние како политичка партија реагиравме за истото зашто се сведоци и граѓаните во Република Македонија укажува дека продолжуваме да работиме на истиот начин,“ изјави Никола Мицевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, за време на денешната собраниска седница.

„Затоа и избрав да кажам ако по денот по утрото се познава ќе имаме лош ден. Има една старо-новата коалиција која во предизборието не бираше зборови за навреда едни за други притоа повикувајќи се на чесни кадри, повикувајќи се на
почитување на правото, намалување на криминал. Во претходниот мандат на истото владејачко мнозинство се
кршеа деловникот и беа кратени постапките со кои се оневозможуваше дебата во Собранието. Од вкупно околу 850 закони поднесените закони од владата и пратениците, од кои во скратена постапка беа 330 закони. Токму поради искуството
со менаџирање на собранието во претходниот мандат, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието на Република Македонија,“ рече Мицевски

„Со 62 пратеници нема функционалност и нема стабилност да има во овој законодавен дом, свесни сте и вие дека оваа работа нема далеку да оди и нема далеку и да стигне, гледаме дека и самиот почеток кој 2-3 дена успевате некако да
го менаџирате и со различни изјави излегувате пред македонската јавност ви оди многу тешко,“ порача Мицевски.

Би можело да ве интересира

Џафери: Избори кои ќе го одредат правецот на земјата

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот